- Почетна
- Општи услови
Општи услови
Правила за користење
Услови за користење
Овој веб сајт е сопственост на ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје и е создаден со цел генерално информирање. Пристапот до овој сајт е потполно бесплатен.
Пристапувајќи на овој сајт и до материјалите и информациите кои се содржани во него, Вие се согласувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте согласни со Условите за користење. Во спотивно, потребно е веднаш да ја прекинете сесијата.
Како корисник на овој веб сајт, Вие се согласувате да ги почитувате сите важечки закони во врска со пристапот и користењето на овој сајт. Користејќи го овој веб сајт, Вие ни ја давате Вашата согласност да ја користиме дадената од Вас информација и лични податоци во согласност со нашата Изјава за приватност/Политика на приватности Информации за колачиња (cookies).
Авторски права
Објавените на овој сајт информативни материјали, фотографии и други слики, како и графичката обработка се предмет на авторски права според Законот за авторското право и сродните права /ЗАПСП/. Истите можат слободно да се употребуваат само во случаите и за целите предвидени во законот, под услов да не го попречуваат нормалното функционирање на сајтот и не ги повредуваатзаконските интереси на ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје.
Фин Кредит и логото на Фин Кредит, кои се објавени на овој вебсајт, се трговски марки или регистрирани трговски марки. Освен во случаите експлицитно предвидени во овие Услови за користење, Вие немате право да ги користите горенаведените трговски марки, ниту поединечно, ниту во комбинација со други зборови или елементи од дизајнот.
За да побарате писмена согласност за користење на трговските марки на ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје користете ја формата за Контакт со нас, објавена на овој вебсајт.
Ограничување на одговорноста и поврзани Интернет страници
Овој веб сајт има за цел да обезбеди олеснет пристап на клиентите на ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје до информации поврзани со понудените услуги и условите за нивно користење. Нашата цел е да обезбедиме целосност и актуелност на објавените податоци. Покрај тоа, при користење на сајтот, треба да се има предвид дека е можно дадените информации: да не бидат сеопфатни и точни; да не претставуваат правен, инвестициски и сличен совет или препорака. Во случај ако имате потреба од таков, треба да побарате мислење од надлежен експерт во соодветната област; содржи упатување до други сајтови, кои ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје не ги контролира на било кој начин и соодветно не носи одговорност за точноста на објавените податоци во нив.
Друштвото не носи одговорност за настанати штети или загуба на добивка од неточни информации, објавени на сајтот или на некој од сајтовите на кој тој ги препраќа, или неправилната перцепција на објавените информации како препорака за реализација на инвестиција, правен совет и слично.
ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје се стреми да ги ограничи до максимален степен непријатностите при користење на сајтот. Сепак, не можеме да гарантираме и не сносиме одговорност, во случај кога пристапот до информациите и нивното користење се отежнати од некомпатибилност на компјутерските програми, од технички грешки и слично.
ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје го задржува правото да ја прекине секоја врска или поврзана програма во секое време. ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје не гарантира непречен и постојан пристап до овој сајт.
Приватност
Политика за приватност
Финансиско друштво М КЕШ МАКЕДОНИЈА Дооел Скопје, со ЕМБС 6992960, со седиште на ул. Пајак бр. 9, 1000 Скопје, со e – mail: [email protected] („Друштвото“ или „Контролорот“ или „ние“ или „нас“), собира и обработува лични податоци на физички лица, наши клиенти, договорни страни или други страни на домашниот пазар („Вие“ или „Вас“). Друштвото е небанкарска финансиска институција регистрирана во Трговскиот регистар кој се води во рамки на Централниот регистар во согласност со Законот за финансиски друштва, со претходно добиена согласност од страна на Министерството за финансии. Ние сме во целост запознаени со нашата обврска да обезбедиме заштита на вашите лични податоци, како и со обврската да обезбедиме усогласеност со применливите законски прописи кои ја регулираат заштитата на личните податоци.
Со оваа политика за приватност („Политиката“ или „Политиката за приватност“) ние го прикажуваме начинот на кој собираме и користиме лични податоци, како и методите кои се користат и за кои цели Друштвото и соодветно нашите даватели на услуги, ги обработува податоците прибрани од и за вас со цел понуда на нашите услуги и склучување на договори, вклучувајќи ги и договорите за кредит склучени преку нашите кредитни посредници или кога вие ја посетувате или ги користите нашите услуги преку веб страните www.mcash.mk и www.finkredit.mk („Веб страните“) или преку телефонските броеви 02 51 15 000 или 02 15 011 („Телефонска поддршка“) или било кој друг канал кој би можел да биде достапен, вклучувајќи и услуги на групата преку трети лица („Достапни канали“). Исто така даваме објаснување за правата на субјектите и нашите обврски и одговорност.
Ве молиме да ја прочитате оваа Политика внимателно, бидејќи содржи важни информации за тоа како ние обработуваме Лични податоци и ги објаснува Вашите законски права. Намената на оваа Политика не е да ги промени условите на било кој договор кој ќе го склучите со нас, ниту на Вашите права согласно применливите закони за заштита на личните податоци.
Ве молиме да не ни ги давате Вашите лични податоци, ако сте под 18 години, бидејќи ние не обработуваме лични податоци за лица под 18 години.
Ние бараме и Ваша поддршка за одржување на вашите лични податоци со тоа што не информирате за било која промена во Вашите Лични податоци.
Со давањето на Вашите Лични податоци или користењето на Достапните канали, Вие ни верувате и доброволно ги прифаќате условите од оваа Политика за приватност.
Доколку Вие давате податоци за друго лице во нивно име, Вие треба да се осигурате дека на тоа лице е доставена оваа Политика за приватност и дека се испочитувани законските барања пред да ги доставите податоците.
1. КОНТРОЛОР
1.1. Заеднички контролори се Финансиско друштво М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст нарекуван: “Контролор”):
Финансиско друштво М КЕШ Македонија Дооел Скопје, ЕМБС 6992960 | |
Седиште: | Контакт лице (нашиот офицер за заштита на лични податоци) за било какви коментари, прашања или информации: |
Ул. Пајак бр. 9, 1000 Скопје | Арбен Гудачи, e – mail: [email protected] |
Изи Асет Менаџмент АД Софија Бугарија, регистарски број 131576434 |
|
1.2. Контролорот е во целост одговорен за правилна и законска обработка на Личните податоци кои можеме законски да ги обезбедиме од Вас.
2. ДЕФИНИЦИИ И ПОИМИ
Во Законот се предвидени бројни дефиниции и не е соодветно да се пренесат сите во оваа Политика, но најзначајните дефиниции содржани во истата се:
§ „Група” – М КЕШ Македонија и подружниците;
§ „Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на Вашите Лични податоци;
§ „Личен податок“ е секоја информација која се однесува на Вас, вклучувајќи податоци обезбедени од јавни регистри и јавни бази и податоци законски обезбедени преку трети лица, преку кои Вие може да бидете директно или индиректно идентификувани, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, телефон или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за Вашиот идентитет;
§ „Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои можат да бидат извршени врз Вашите лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;
§ „Псевдонимизација на Лични податоци“ или “Анонимизирање на Лични податоци“ е алтернатива на бришење или уништување на Вашите Лични податоци. Со ова се отстрануваат сите елементи кои со кои директно или индиректно може да бидете идентификувани. Псевдонимираните или анонимизираните податоци не претставуваат Лични податоци;
§ “Закон” – Закон за заштита на личните податоци (Службен весник бр.42/20).
3. НАЧЕЛА ПОВРЗАНИ СО ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
3.1. Ние ги обработуваме Вашите Лични податоци во согласност со применливи закони, вклучувајќи ги Законот за заштита на личните податоци, Законот за Македонско кредитно биро, Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, оваа Политика и условите од договорите кои ги склучуваме со Вас.
3.2. Ние ги обработуваме Вашите Лични податоци на сигурен и доверлив начин. Ние го почитуваме правото на секое лице за заштита на неговите Лични податоци и ќе вложиме најголеми напори да осигураме дека Личните податоци прибрани од наша страна се соодветно заштитени. Ние редовно ги оценуваме ризиците поврзани со обработката на Личните податоци и ќе имплементираме соодветни стратегии за нивно ублажување и отстранување на ризиците.
3.3. Заштитата на личните податоци е интегрален дел од нашите услуги и е надгледувана од нашиот офицер за заштита на личните податоци. Ние обезбедуваме дека нашите вработени знаат и се усогласени со барањата за заштита на лични податоци. Ние очекуваме, даваме инструкции и ги обучуваме нашите вработени да ги почитуваат нашите процедури за заштита на личните податоци.
3.4. Ние ги обработуваме Вашите Лични податоци согласно со закон и за легитимни цели. Ние поставуваме јасни цели за обработката на личните податоци и ги обработуваме лични податоци единствено за тие цели. Ние не прибираме лични податоци кои не ни се потребни. Ние имаме право да ги избришеме/“замаглиме“ или на друг начин да ги направиме податоците/документите доставени до Нас нечитливи и кои не се потребни за обезбедување на нашите услуги.
3.5. Ние ги обработуваме Вашите Лични податоци на транспарентен и правичен начин. Ние обезбедуваме соодветна заштита, правичен и законит начин на обработка на Вашите Лични податоци со цел да спречиме неовластено обелоденување или употреба на Вашите Лични податоци.
3.6. Ние ги чуваме Вашите Лични податоци во рок кој е пропишан со закон или договор или е потребен за обезбедување на нашите услуги и/или заради нашите легитимни интереси. На крајот на рокот за чување, ние трајно ќе ги избришеме Вашите Лични податоци или ќе ги анонимизираме.
3.7. Ние вложуваме најдобри напори да обезбедуме дека Вашите Лични податоци кои ги обработуваме се точни и и ограничени на она што е неопходно.
3.8. Вашите лични податоци ќе бидат обаботени од Друштвото само во согласност со важечките прописи за заштита на податоците. Кога се допишувате со нас преку кој било од каналите за комуникација, потврдувате дека податоците што сте ги дале се точни и ажурирани.
3.9. Мораме да ве информираме дека секоја согласност за обработка на вашите лични податоци може да се повлече во секое време, како со поднесување барање во писмена форма на адресата за контакт во подружницата што ве опслужува, така и со испраќање електронска порака на адресата: [email protected]. Повлекувањето на вашата согласност за обработка на вашите податоци во никој случај нема негативно да се одрази на склучувањето на договорот за кредит, како и на одобрување на кредитот за кој сте аплицирале.
4. КАКО НИЕ ГИ ПРИБИРАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Ние може да ги прибереме и обработиме Вашите Лични податоци во следните случаи:
- Доколку Вие не контактирате преку било кој од Достапните канали да побарате информација за нашите производи и услуги;
- Доколку Вие ни ги дадете Вашите или податоците за Вашето контакт лице или претставник кога поднесувате барање за кредит преку било кој од Достапните канали;
- Доколку за одредени податоци со закон е предвидено давање на писмена согласност, таквата согласност Вие ќе ја дадете или во подружниците на Контролорот или во просториите на нашите партнери или во случај на електронски канали со обележување на соодветно поле/полиња, во кој случај согласноста е изедначена со согласност дадена во писмена форма;
- Преку проверки во бази на податоци, како на пример Македонско кредитно биро, регистарот на сметки при КИБС АД Скопје, Фондот за здравствено осигурување, Министерството за внатрешни работи итн.;
- Доколку Вашите податоци се достапни за времетраење на договор за обезбедување на услугите на Контролорот;
- Доколку Вие се согласите за директен маркетинг, на пример при пополнување на изјава или поднесување на податоци електронски;
- Доколку други правни лица, вклучувајќи партнери направат дозволен пренос на Вашите Лични податоци до нас.
5. КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ
5.1. Ние обработуваме Лични податоци поврзани со Вашиот идентитет и останати потребни податоци за целите на склучување и спроведување на договор за кредит или друг договор, заради спроведување на Вашите барања, апликации, поплаки, како и за целите на исполнување на нашите законски обврски, кога обработката е задолжителна за исполнување на овие цели. Без овие податоци, Ние не би биле во можност да ги обезбедиме соодветните услуги. Доколку Вие не ни доставите податоци за идентификација, ние нема да бидеме во можност да склучиме договор за кредит или било каков друг договор со Вас.
5.2. Ние исто така обработуваме Лични податоци за целите на маркетинг, безбедност и/или аналичтички цели, со цел да обезбедиме првокласни производи и услуги за Вас, сега и во иднина.
5.3. Следните категории на лични податоци може да бидат собрани од Вас или вашиот застапник или контакт лице, зависно од тоа дали Вие сте потенцијален клиент, клиент или договорна страна и која наша услуга ја користите:
Лични информации | Вашето име и презиме, пол, ЕМБГ, број на трансакцисја сметка, датум на раѓање, деловна способност, државјанство, како и историски податоци кои се зачувани кај нас при претходни комуникации во рамки на предвидените периоди на чување; Името на Вашето лице за контакт кое ни го давате Вие, а кој не е гарант, вклучително и податоците добиени при нашите проверки, доколку се собрани такви податоци во нашата база на поврзани лица; Име и презиме, ЕМБГ, живеалиште или престојувалиште, телефонски број и други податоци за Вашиот застапник наведени во полномошно, во случаите кога сте овластиле трето лице да Ве застапува пред Друштвото. |
Документ за идентификација | Видот на Вашиот документ за идентификација или на документот за идентификација на Вашиот застапник, земја во која е издаден, регистарски број, датум на важност, податоци запишани во баркодови на документот (во зависност од видот на документот) и безбедносни карактеристики. |
Податоци при препознавање на лице (Facial recognition) | Фотографии, видеа, тонски записи, фотографии направени од Вас или Вашиот застапник и Вашиот или на Вашиот застапник документ и видео и тонски запис во процесот на верификација. |
Податоци за контакт | Вашите или на Вашиот застапник адреса, е – маил адреса, телефонски број. |
Технички податоци | Податоците за потпис на уредот на Вашиот или на Вашите претставници, вклучувајќи, но не огранчувајќи се на информации за датумот, времето и активноста на Вашите или Вашите претставници, колачњата што Вие или Вашиот претставник сте ги прифатиле и име на домен, ваши софтверски или хардверски атрибути на Вашите претставници, како и Вашата општа географска локација или на вашите претставници (на пр. град, земја). |
Јавно достапни податоци | Пр. Податок за Вас или Вашиот застапник од бази на носители на јавни фунции и проверки во листи на санкции. |
Кредитна спосбност и/или намирување на кредитни обврски | Работно место (пр. Период на вработување, работна позиција, професија, износ на плата, податоци за работодавачот, вклучително ЕМБС, ЕДБ, седиште, телефон, сектор, индустрија, друг приход, вкупни месечни приходи и расходи, имотна состојба, платени придонеси, кредитна историја, вклучувајќи податоци од други договори за кредит од Македонско кредитно биро АД Скопје, податок од регистарот на сметки при КИБС АД Скопје за бројот на Вашата сметка, податок од Фондот за здравство за проверка и потврдување на вработувањето. |
Економски податоци | Вашиот единствен идентификационен број, генериран од Друштвото; број на договор(и) за кредит или на број на договор генериран по склучување на договорот за кредит или било кој друг договор, податоци собрани во процесот на постојно следење на деловниот однос, согласно законските барања за „Запознај го својот Клиент“ (отплати од трети лица или сомнителни транскации); податоци за одбраниот начин на користење на кредитот (пр. На трансакциска сметка во банка, готовина); направените отплати на кредитите, како и оние кои доспеваат во иднина согласно договорот за кредит; податоци за вашите кредитни и дебитни картички (во случај да е овозможена отплата со дебитна картичка); број на сметка во банка и податоци за плаќањето и трансакцијата направена во корист на Друштвото. |
Податоци за остварен сообраќај | Податоци во врска со Ваши посети на нашата Веб страна и комуникации преку било кој од нашите Достапни канали, визуелни или тонски записи собрани при посета на нашите подружници во кои се даваат нашите услуги и кога комуницирате со нас по телефон, како и секој податок собран преку емаил, пораки, социјални медиуми или друг начин на комуникација. |
6. ЗОШТО И ВРЗ КОЈ ОСНОВ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
6.1. Главната цел заради која Ние ги обработуваме Вашите лични податоци или личните податоци на Вашиот застапник е воспоставување на деловен однос, склучување и раскинување на договори за кредит, спроведување на мерки на анализа согласно закон, обезбедување на подобра корисничка услуга за Вас, давање на понуди, анализирање на искористеноста на постоечките услуги и развој на нови услуги.
6.2. Ние ги обработуваме Вашите Лични податоци за следните цели и врз следните основи:
Цел на обработка | Законски основ за обработка |
Ние одлучуваме дали и под кои услови ќе воспоставиме деловен однос или ќе склучиме договор или под кои услови ги даваме нашите услуги. | Исполнување на договор или исполнување на законска обврска или заради имплементирање на преддоговорни мерки. Член 10 ст. 1 алинеи 2, 3 и 6 од Законот. |
Можеби ќе ни треба ваша согласност за проверка во една или повеќе бази на податоци. | Исполнување на договор или заради имплементирање на преддоговорни мерки или заради исполнување на законска обврска или нашиот легитимен интерес во однос на управување со ризици. Член 10 ст. 1 алинеи 1, 2 и 3 од Законот. |
Ние ќе ве идентификуваме Вас и/или Вашиот застапник при воспоставување на деловниот однос со цел исполнување на барањата од законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, вклучувајќи, но неограничувајќи се на идентитетот на Вашиот вистински сопственик(ци), дали Вие или Вашиот вистински сопственик(ци) се носители на јавни функции, дали Вие или Вашиот вистински сосптвеник(ци) се предмет на финансиски санкции. | Исполнување на договор или имплементирање на преддоговорни мерки или исполнување на законска обврска или нашиот легитимен интерес во однос на управување со ризици. |
Ние спроведуваме договор склучен со Вас или гарантираме спроведување на таквиот договор и ги остваруваме, откажуваме и заштитуваме нашите права. | Исполнување на договор или имплементирање на преддоговорни мерки или исполнување на законска обврска или нашиот легитимен интерес за реализирање на нашите побарувања. Член 10 ст. 1 алинеи 1, 2 и 3 од Законот. |
Спроведуваме мерки за спречување перење пари и финансирање на тероризам и извршуваме обврски кои произлегуваат од закон. Ова вклучува и мониторинг на Вашите трансакции со нас и вашиот перформанс. | Исполнување на законска обврска. Член 10 ст. 1 алинеја 3 од Законот. |
Ние ги намалуваме или спречуваме ризиците кои би можеле да наштетат на Вас или нас и ги штитиме Вашите и нашите интереси и квалитетот на нашите услуги, како и собираме докази за деловните трансакции или останата деловна комуникација. Тоа може да вклучува видео надзор за цели различни од потврдување на Вашиот идентитет како и снимање на телефонските разговори, онлајн комуникација, разговорните сесии за цели различни од давање на нашите услуги. | Вашата согласност, исполнување на договорни обврски или имплементирање на преддоговорни мерки, исполнување на законски обврски или наши легитимни интереси за спречување, ограничување или испитување на злоупотреби или незаконско користење на нашите производи и услуги или прекини во услугите со цел гарантирање на квалитетот на услугите. Член 10 ст. 1 алинеи 1 и 6 од Законот. |
Ние дозволуваме пристап до и користење на нашата Веб страна. | Исполнување на договорни обврски или имплементирање на преддоговорни мерки или нашиот легитимен интерес да спречиме неовластен пристап до нашата Веб страна. Член 10 ст. 1 алинеи 2 и 3 од Законот. |
Ние ги развиваме нашите системи. | Нашиот легитимен интерес за функционирање и подобрување на системите. Член 10 ст. 1 алинеја 6 од Законот. |
Ние спроведуваме статистички истражувања и анализи на пазарот и учество во групи на клиенти, производи и услуги, известување и управување со ризици итн. | Нашиот легитимен интерес за подобрување на нашите услуги, подобрување на корисничкото искуство кое Ви го нудиме, развој на нови услуги, управување со ризици и исполнување на законски обврски. Член 10 ст. 1 алинеи 3 и 6 од Законот. |
Ние ги развиваме нашите постечки услуги и нови услуги. | Нашиот легитимен интерес за усовршување на нашите услуги, подобрување на корисничкото искуство и развој на нови услуги. Член 10 ст. 1 алинеја 6 од Законот. |
Ние ги проверуваме и доколку е потребно, ги ажурираме Вашите Лични податоци, ги управуваме односите со клиентите, чуваме податоци и ги ажурираме со проверки преку надворешни и внатрешни извори, како и бараме ажурирање на податоците директно од Вас. | Исполнување на договорни обврски, имплементирање на преддоговорни мерки и исполнување на законски обврски. |
Ние ви испраќаме реклами и понуди, вклучувајќи персонализирани понуди од производите и услугите на нашите партнери. | Вашата согласност или нашиот легитимен интерес за давање дополнителни услуги. |
Ние организираме наградни игри и кампањи. | Вашата согласност или нашиот легитимен интерес за давање дополнителни услуги. |
Ние сакаме да ги разбереме подобро Вашите очекувања (пр. Анализи на посетите на Веб страната, анкети на клиенти итн.). За нашите деловни цели, како што се анализа на податоци, сертифицирање, развивање нови модели, идентификување на трендови според активностите на Веб страната или Друштвото, развој на прилагодена средина на Веб страната или Друштвото преку воведување на производи и услуги кои се прилагодени на Вашите лични потреби или мерење на ефикасноста на нашите промотивни кампањи. – Може да е потребна ваша согласност. | Ваша согласност или нашиот легитимен интерес за усовршување на нашите Услуги, подобрување на корисничкото искуство, развој на нови производи и услуги. |
7. ПРОФИЛИРАЊЕ И АВТОМАТСКО ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ
7.1. Ние може да ги обработуваме Вашите Лични податоци заради автоматско донесување на поединечни одлуки, вклучително и профилирање, пришто се користат Вашите податоци од профилот (лични информации, информаци за кредитната способност и економски податоци). Обработката е фер и транспарентна и без дискриминација помеѓу Вас и други клиенти и заради склучување/исполнување на договор и нашиот легитимен интерес.
7.2. Ние ги користиме профилирањето и автоматското донесување на одлуки затоа што потенцијално обезбедуваат поголема конзистентност и фер однос во процесот на донесување на одлуки (пр. Намалување на можноста за човечка грешка, дискриминација или злоупотреба на должност), намалување на ризикот од неплаќање од страна на клиентите за производите и услугите (пр. Преку креирање на кредитен рејтинг) или овозможување за донесување на одлуки во краток период и со тоа подобрување на ефикасноста. Ние, исто така ги користиме профилирањето и автоматското донесување на одлуки со цел да Ви дадеме маркетинг материјал како и да вршиме мониторинг на трансакциите и спречување на измами.
7.3. Ги следиме одредбите од Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на податоци, достапна на следниот линк https://www.dzlp.mk/mk/domasni_propisi.
8. ПРЕД – ДЕФИНИРАНИ ПОЛИЊА
8.1. Ние може да користиме пред – дефинирани полиња за Вашите контакт податоци во нашите дигитални Достапни канали и други системи со цел да ги направиме нашите услуги попогодни за користење. Полињата се пред – дефинирани доколку сте ги внеле Вашите Лични податоци во полињата во нашите дигитални канали и други системи и доколку сте наш клиент. Ние ќе ги пополниме пред – дефинираните полиња со Вашите податоци кои сте ни ги доставиле при склучување на последниот договор. Вие мора секогаш да проверите дали податоците во пред – дефинираните полиња се точни.
8.2. Доколку не сакате Вашите контакт детали да бидат пополнети во пред – дефинираните полиња во нашите дигитално Достапни канали или други системи, имате право да се откажете од оваа опција, за што имате право во секое време да не контактирате.
9. ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗАРАДИ МАРКЕТИНГ ЦЕЛИ
9.1. Ние обработуваме Лични податоци за маркетинг цели. Доколку таквата обработка е врз основа на Ваша согласност, Вие имате право да ја повлечете таквата согласност во секое време. Доколку пак обработката не е врз основа на Ваша согласност, Вие имате право да одбиете да добивате такви известувања во секое време, исто така. Со цел да ја повлечете Вашата согласност за добивање на маркетинг материјали, ве молиме да испратите порака на нашите контакти или управувајте со Вашите согласности преку нашите Достапни канали. Насоките за повлекување на согласноста се исто така вклучени во нашата маркетинг комуникација.
9.2. Општите информации за нашите услуги и воведните или помошните информации или известувања заради измени во условите или тарифата или информации поврзани со исполнување на обврските од договор кој сме го склучиле со Вас (пр. Известувања за доцнење со уплати, долгови, раскинување на договор итн.) не се сметаат за маркетинг. Во овие случаи, Вие немате право да одбиете да добивате такви информации.
10. ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ ДО ТРЕТИ СТРАНИ
10.1. Ние ќе ги обелодениме и/или пренесеме Вашите Лични податоци:
10.1.1. на друштво во рамки на Групата со цел: (1) усогласување со барањата за управување со ризици и контролни механизми; (2) организирање на стратешко истражување и анализа на пазарното учество на крупи на клиенти, производи и услуги и други финансиски индикатори; (3) усогласување со применливите прудентни норми, вклучувајќи ги капиталните и ликвидносни барања; (4) склучување и спроведување на договори и да Ви дадеме информации за договорите кои сте ги склучиле со лица кои припаѓаат на иста Група со Нас; (5) усогласување со принципот на одговорно кредитирање; (6) развивање и имплементирање на информатички систем за целата Група; и (7) имплементирање на мерки на анализа како што е наведено во законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам;
10.1.2. на кредитни посредници или надворешни соработници со кои Друштвото има склучено договор за соработка, заради обезбедување и реализирање на поволности поврзани со кредитните производи. За таа цел, Друштвото може да сподели ограничен обем на Лични податоци, односно: име, презиме, датум на раѓање и износ на одобрениот кредит, исклучиво за потребите на исполнување на договорните обврски поврзани со поволностите. Кредитните посредници се должни да ги обработуваат Личните податоци согласно важечките прописи за заштита на личните податоци и договорните обврски со Друштвото.
10.1.3. на лица и организации поврзани со давањето на нашите услуги и исполнувањето на договорите кои сме ги склучиле со Вас (пр. Гаранти, сопственици на предмет на залог, посредници при плаќања, кредитни институции, меѓународни картични организации, преведувачи, даватели на ИТ и поштенски услуги, даватели на контакт центар услуги);
10.1.4. во кредитниот регистар на Македонско кредитно биро или еднаков на него до кој испраќаме информации и од кој добиваме информации врз основа на закон или важечки договор со цел имплементирање на принципот на одговорно кредитирање, и исто да се овозможи трети лица да пристапат до податоци за вашата редовност во отплата и кредитна способност. Податоците за Вашето можно доцнење со плаќања се обелоденуваат во кредитниот регистар или еднаков на него и пренесените Лични податоци може да бидат обработени од секое лице кои се членови во таквиот регистар или кои можат да пристапат до таквиот регистер по друг основ;
10.1.5. во други регистри (пр. Регистар на население, комерцијални регистри, кредитни регистри итн.) до кои ние доставуваме и од кои ние бараме Ваши Лични податоци со цел проверка на точноста и интегритетот на Вашите Лични податоци или заради имплементирање на преддоговорни мерки или договор склучен со Вас;
10.1.6. на трети лица заради обезбедување на услуга побарана од Ваша страна;
10.1.7. на давателите на услуги на кои делумно или целосно сме го довериле извршувањето на активностите под услови предвидени со закон и под услов дека таквите лица ги исполнуваат барањата за технички и организациски мерки, физичка безбедност и информатички системи укажани од нас во однос на доверливоста и заштитата на Личните податоци;
10.1.8. на кредитни институции, кредитори, даватели на услуги за наплата на побарувања и други трети лица со кои би воделе преговори за пренос на договорот кој сме го склучиле со Вaс или откажување од побарувањата од таквиот договор;
10.1.9. на нов доверител по откажување од побарувањето;
10.1.10. на друго трето лице, во случај да не ги исполнувате обврските од договорот (пр. Даватели на услуги за наплата на побарувања, судови, извршители, нотари или ликвидатори и стечајни управители);
10.2. Во одредени случаи, можеби ќе бидеме обврзани да ги обелодениме и пренесеме Вашите Лични податоци заради исполнување на законски обврски – владини и други органи, институции, осигурителни компании, осигурителни брокери, банки и институции во рамки на нивните активности и во согласност Законот и останати прописи во Македонското законодавство (пр. Пренос на податоци до извршители, нотари, ликвидатори, стечајни управници, даночни и царински управи, или Управата за финансиско разузнавање).
10.3. Можно е да користиме трети лица (пр. Посредници при плаќања) заради спроведување на договор склучен со Вас и да ги направиме достапни Вашите Лични податоци. Овие лица ги обработуваат Вашите Лични податоци согласно нивните прописи и на нивна одговорност. Исто така може да користиме трети лица надвор од Македонија заради спроведување на договор склучен со Вас и кои ги обработуваат Вашите Лични податоци во согласност со законите на нивната земја или локација.
11. ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ ВО ТРЕТИ ЗЕМЈИ
Ние ги обработуваме Вашите Лични податоци во Република Северна Македонија и Европскиот економски простор, но би можело да има случаи во кои би морале да ги пренесеме Вашите Лични податоци, и истите да бидат обработувани, во земји надвор од Европскиот економски простор.
12. КАКО ГИ ШТИТИМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
12.1. Ние ги заштитуваме Личните податоци со стриктно почитување на важечката Македонска регулатива и принципите од Законот, како и рамката поставена со директивите на Европската унија за заштита на Личните податоци (вклучувајќи ја и Директивата (EU) 2016/679).
12.2. Вашите податоци се чуваат на наши безбедни сервери или на серверите на наши даватели на услуги или деловни партнери (или во одредени случаи податоците се исто така чувани во хартиена форма, со примена на соодветна заштита). Податоците се достапни и се користат во согласност со нашите безбедносни политики и стандарди (или оние на нашите даватели на услуги или деловни партнери), секогаш во согласност со применливите закони и потребните безбедносни мерки.
12.3. Иако не можеме да гарантираме дека преносот на податоци преку интернет, Веб страната или Друштвото е во целост заштитен од сајбер напади, ние и нашите деловни партнери вложуваме напори да одржуваме технички и организациски мерки за физичка и лична заштита и заштита на автоматизираните информациски системи во врска со Вашите податоци во согласност со применливите закони. На пример, ние ги применуваме следните мерки:
§ Стриктно лимитирање на пристап од нашите вработени и даватели на услуги до Вашите податоци, и тоа на основа „потребно да знае“ и за да ја постигнеме целта на обработката на основот „потребно да знае“;
§ Личните податоци се чуваат електронски во бази на податоци и заеднички фолдери заштитени со лозинка или друг вид на авторизација; се спроведува надзор и заштита од вируси; се создаваат копии и “backups“ заради континуитет; системите исто така чуваат историја на логови за активностите со документите;
§ Во просториите на Контролорот, во кои се обработуваат Лични податоци, имплементирани се технички и безбедносни мерки (аларм и безбедносна опрема и видео надзор), заштита од пожар, имплементирани се процедури за контрола на пристап;
§ Вработените кај Контролорот кои обработуваат Лични податоци се запознаени со законската регулатива, политиките на Контролорот и идентификуваните ризици и сценаријата за нивно настанување;
§ Системите за обработка на податоци, вклучително и лични податоци, се предмет на редовни контроли. За целите на целосно следење и навремен одговор, записите со информација за секој пристап и активност преземен во врска со Личните податоци се чуваат од Контролорот. Полнењето на записите е целосно автоматизиран и интегрален дел од Обработката на податоците. Контролорот, преку јасните внатрешни правила, има имплементирано технички и организациски мерки за условите и процедурите за собирање, обработка и чување во оригинал на Личните податоци од клиентите, како и стриктни правила за надзор над усогласеноста; таквиот надзор обезбедува сеопфатна заштита од недозволен пристап;
§ Договорни одредби за заштита се предвидени во договорите со третите лица кои делуваат во име на Контролорот;
§ Кога ние Ви доставуваме (или одбираме да Ви доставиме) лозинка со која Вие добивате пристап до одредена локација на Веб страната или друг портал или услуга која ние ја обезбедуваме, Вие сте одговорни за доверливоста на лозинката и за усогласеност со било која друга безбедноста процедура за која ќе Ве известиме. Ве молиме, не ја споделувајте лозинката со друг.
13. КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
13.1. Ние ги обработуваме Вашите Лични податоци толку колку што е потребно за исполнување на целта на Обработката или исполнување на законска обврска. Периодот на чување на Личните податоци е врз основа на договор склучен со Вас, наш легитимен интерес и/или закон. Доколку Вашите податоци се обработувани за повеќе од една цел, Ние ќе ги чуваме за најдолгиот предвиден период; но нема да ги обработуваме за целите со пократок период на чување, по истекот на тој рок.
13.2. Ние го ограничуваме пристапот до Вашите податоци до оние лица кои мораат да ги обработуваат за соодветна цел.
13.3. Во одредени случаи, ние би морале да ги чуваме Вашите Лични податоци за подолг период со цел да имаме точни податоци за Вашиот деловен однос со нас и во случај на поплаки или спорови или доколку сме разумно убедени дека постои можност за судска постапка во која Вашите Лични податоци би биле потребни.
13.4. Времето на чување е во согласност со нашите деловни потреби и во согласност со применливите закони. Личните податоци кои не се потребни ќе бидат Псевдонимизирани или Анонимизирани или избришани/уништени.
13.5. Друштвото ги складира собраните лични податоци во следните услови:
a. кога податоците се обработуваат врз основа на барање за кредит – најмногу за период од две години од поднесувањето на барањето, доколку барањето не е одобрено или лицето одбие да склучи договор за кредит. Собраните податоци од проверка во Регистарот на трансакциски сметки и регистарот на Македонско кредитно биро, во случаи кога процесот на пријавување и склучување договор не завршил со склучен договор за кредит, ќе се чуваат за период од пет години од поднесувањето на барањето. Собраните податоци од проверка во регистарот на Македонско кредитно биро во случаи кога процесот на пријавување и склучување на договор не завршил со склучен договор за кредит, ќе се чуваат во период од две години од поднесувањето на барањето.
b. кога податоците се обработуваат врз основа на склучен договор за кредит – за период од пет години, кој рок започнува од датумот на престанок на договорот.
c. кога податоците се обработуваат врз основа на согласност – до експлицитно повлекување на согласноста.
d. кога податоците се обработуваат за да се заштити остварувањето на правата и интересите на Друштвото кои имаат оправдана предност во однос на интересите на физичките лица – додека правото не се изгасне.
e. кога податоците се обработуваат во врска со снимањето на телефонски разговори на дојдовни или појдовни повици– за период од 24 часа, а пристап до личните податоци на клиенти од телефонски разговори имаат лицата кои ги одржуваат информациските системи на Друштвото.
f. кога податоците се обработуваат во врска со остварувањето на правата според Регулативата (ЕУ) 2016/679 и според Законот – во рок од две години од конечното завршување на постапката во врска со остварувањето на правата на субјектите на податоци и реализација на средства за нивна правна заштита.
13.6. По истекот на наведените рокови, доколку нема друга причина за обработка на податоците, истите ќе бидат избришани. Со цел да се добијат и анализираат информации поврзани со користени финансиски производи и услуги, како и да се подобри услугата, Друштвото може да избрише само дел од податоците. Во овие случаи, тоа продолжува да складира таков дел од податоците што не дозволува последователно идентификување на физички лица.
14. КОЛАЧИЊА
Со цел зголемување на ефективноста, Веб страната на Друштвото користи колачиња. За подетални информации поврзани со колачињата, Ве молиме да ја прочитате нашата политика за колачиња, објавена на Веб страната на Друштвото.
15. ВАШИТЕ ПРАВА ВО ВРСКА СО ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
15.1. Вие ги имате следните права во врска со Вашите Лични податоци, како правото да:
a. Побарате од нас дополнителни информации за тоа како се користат Вашите податоци;
b. Побарате од нас да Ви дозволиме пристап до Вашите Лични податоци и да Ви доставиме копија од истите;
c. Ги добиете Вашите Лични податоци и кои Вие сте ни ги доставиле на структуриран, широко распространет и машински читлив формат и, кога е технички возможно, да се пренесат податоците до друг контролор без пречки но само кога обработката на таа информација е заснована на Вашата согласност или договор и се спроведува автоматизирано;
d. Побарате од нас ажурирање на било кој неточен податок кој го чуваме и истиот да го корегираме/ажурираме;
e. Побарате да ги избришеме или анонимизираме сите Ваши лични податоци за кои немаме повеќе законска обврска за обработка и/или чување;
f. Ја повлечете во секое време Вашата согласност за обработка на лични податоци кога обработката е заснована на Ваша согласност и во врска со директен маркетинг со цел да престанеме да ги обработуваме за таа цел од повлекувањето;
g. Вложите приговор на обработката за целите на автоматско донесување на поединечни одлуки, вклучително и профилирање, кога тоа значајно Ве засега, и имате можност да го остварите правото на обезбедување на човечка интервенција од страна на Контролорот, право на изразување на личен став и право на оспорување на таквата одлука;
h. Побарате од нас ограничување на обработката на Вашите податоци, на пример за време на испитување на поплака.
15.2. Постапка за остварување на правата:
15.2.1. Можете да доставите барање за остварување на Вашите права до Контакт Лицата на еден од следните начини: на лице место, по пошта (вклучително и е – маил), телефон или факс, како што е наведено во точка 1 погоре.
15.2.2. Секоја Ваша апликација или барање има приемен број, се разгледува, ние го потврдуваме Вашиот идентитет и правото кое што сакате да го остварите и одговараме во рок од 3 дена од приемот на барањето. Во случај на комплексен случај или за време на прием на бројни барања, периодот за одговор може да се продолжи за дополнителни 30 дена за што ќе бидете известени. Во случај на одбивање на барањето, ние на писмено ќе ги наведеме причините за одбивањето.
15.2.3. Остварувањето на овие права е предмет на одредени исклучоци, на пример во случај на заштита на јавниот интерес (пр. Спречување на кривични дела) или нашите интереси или правата и слободите на трети лица.
Доколку имате било какви други прашања во врска со Вашите податоци, Ве молиме контактирајте не согласно наведеното во точка 1 погоре (Понеделник до Петок од 08:30 до 16:30 часот).
Во случај да не сте задоволни со начинот на обработка на Вашите податоци или нашиот одговор при остварување на овие права, имате право да поднесете жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци на: бул. Гоце Делчев бр. 18, Скопје, веб страна: https://dzlp.mk/prizlnlp . Ве молиме обидете се да го решите прашањето претходно со нас, иако имате право во секое време да контактираме со Агенцијата за заштита на личните податоци.
16. ПРОМЕНИ ВО ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ПРЕКИН НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
16.1. Информирајте не веднаш во случај на промени или неточност на Вашите Лични податоци доставени до нас. На наше барање, доставете документ кој ќе ги докаже направените промени (пр. Нов документ за идентификација).
16.2. Се трудиме и вложуваме напор да вршиме редовни проверки на целосноста и точноста на Вашите Лични податоци.
17. АЖУРИРАЊЕ НА ОВАА ПОЛИТИКА
Од време на време, може да направиме измени на оваа Политика. Сите промени ќе се применуваат од моментот на објавувањето на ревидираната политика на Веб страната.
Колачиња
Што претставуваат "колачињата"(cookies)?
"Колачињата" (Cookies)" се мали делови на информации кои се чуваат на компјутер или друг уред, ракуван од Вас. Веб прелистувачот ги испраќа овие "колачиња" назад кон тој сајт при секоја Ваша посета и ни помага да ја сочуваме информацијата за Вашите кориснички преференци. Ако сакате да добиете подетални информации во врска со "колачињата" и нивната функционалност, може да го посетите http://www.aboutcookies.org/.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница преку "колачиња" или други технологии може да се собираат информации. Со користењето на овој веб-сајт, Вие се согласувате со користење "колачиња", како што е опишано во нашата политика за користење на "колачиња".
Зошто користиме "колачиња"?
Колачињата ни помагаат да ги обезбедуваме, заштитуваме и подобруваме нашите услуги. Преку персонализирана содржина, приспособување и мерење на рекламите, ние се стремиме да Ви обезбедиме прилагодени и соодветни услуги. " Колачињата" кои ги користиме, можат да се поделат во неколку категории:
- Автентичност
Користиме "колачиња" кои имаат за цел да потврдат кога сте го користеле веб сајтот, за да можеме да го олесниме Вашиот пристап и да Ви покажуваме соодветна содржина.
- Заштита
Користиме "колачиња" кои ни помагаат да ги одржуваме заштитени Вашите податоци.
- Реклама и анализа
Користиме "колачиња" кои ни помагаат да Ви обезбедиме содржини преку насочено рекламирање, кое е од значење за Вас и Вашите интереси. Со овој вид на "колачиња" можеме да го ограничиме бројот на импресиите на нашите реклами.
" Колачињата" ни помагаат да ги нудиме и мериме рекламите.
- Посветеност
Користиме "колачиња" за да можеме да Ви обезбедиме подобро искуство.
- Анализи и истражувања
Користиме "колачиња" кои ни помагаат да го разбереме начинот на кој луѓето ги користат нашите услуги и за да можеме да ги подобруваме.
Како да ги контролирате "колачињата"?
Посетувајќи го овој сајт Вие се согласувате со користењето на "колачиња" од наша страна. Ви овозможуваме да ги контролирате и управувате "колачињата" кои ги користиме. Ве молиме имајте предвид дека отстранувањето или блокирањето на "колачињата" може да го ограничи Вашиот пристап до одредени функции на овој веб-сајт.
Контрола на прелистувачот
Повеќето прелистувачи Ви овозможуваат да ги ограничите или избришете одредени видови "колачиња" на индивидуален принцип, како и да блокирате "колачиња" од избрани веб-сајтови. За информација како да ги смените подесувањата на Вашиот прелистувач, за да ги блокирате или филтрирате "колачињата", посетете го http://www.aboutcookies.org/ или http://www.cookiecentral.com/faq/.
Социјални копчиња
Користиме социјални копчиња, за да им овозможиме на нашите корисници да споделуваат или да обележуваат веб страници. Тоа се копчиња на трети страни, кои што можат да запишуваат информации за Вашите сесии на интернет.
Надворешни веб услуги
Користиме надворешни веб сервиси на овој веб-сајт со цел прикажување на содржината на веб страниците на овој веб-сајт. Како во случајот со социјалните копчиња, ние не можеме да ги ограничиме овие сајтови да собираат информации за користената од Вас содржина.
Изјава
Сум запознаен со Општите услови за давање на кредит и политиката за приватност објавени на веб страната на ФД М КЕШ Македонија Дооел Скопје („М КЕШ“) и наведените податоци ги давам доброволно со цел добивање на потрошувачки кредит. |
|
Контролор на лични податоци е М КЕШ со регистрирано седиште на ул. Пајак бр. 9, 1000 Скопје, со ЕМБС 6992960. |
|
Согласен сум М КЕШ да врши обработка на личните податоци содржани во документите за кредит и финансиските податоци за целите на исполнување на Договорот за наменски потрошувачки кредит, вклучувајќи и проценка на кредитната способност и ризиците, во врска со наплата на долгот, истражување на пазарот и за целите на книговодство и архивирање. Примач на личните податоци е Македонско кредитно биро АД Скопје. Изјавувам дека согласноста е доброволно дадена и сум запознаен дека во секое време имам право на исправка и бришење на личните податоци, и дека имам право во секое време да ја повлечам дадената согласност со давање на писмена изјава. |
|
Согласен сум М КЕШ да врши обработка на моите лични податоци за целите на директен маркетинг по затворање на договорот за наменски потрошувачки кредит со цел испраќање на рекламна, маркетиншка или пропагандна содржина, и изјавувам дека сум запознаен со правото на приговор за обработка на моите лични податоци за целите на маркетинг. |
|
Согласен сум да се провери во КИБС дали сум сопственик на трансакциската сметка која ја имам доставено. |
|
Потврдувам дека личните податоци на Лицето за контакт (име, презиме, телефон) се дадени со согласност на Лицето за контакт истите да се чуваат и обработуваат од страна на М КЕШ за целите за проверка на мојата кредитна способност која што претходи на донесување на одлука за давање на кредит. Потврдувам дека Лицето за контакт е уредно известено за обработувањето на неговите лични податоци само за овие цели и дека истите се информирани дека во секое време имаат пристап до и право на исправка на личните податоци. |
|
Согласен сум Лицето за контакт да биде контактирано и информирано за обврските кои ги имам кон М КЕШ, доколку М КЕШ не може да стапи во контакт со мене. |
|
Изјавувам дека на денот на потпишување на оваа Изјава немам трансакциски сметки во било која деловна банка на кои што има налог за извршување заради присилно намирување на парично побарување, како и тоа дека немам никакви сознанија дека против мене е поведена постапка заради присилно намирување на парично побарување пред надлежен нотар или извршител. |
|
Согласен сум контролорот за свои маркетинг цели да врши обработка на моите лични податоци за маркетинг на производите и услугите на контролорот преку електронски средства за комуникација преку е – маил, СМС и користење на автоматски говорни системи. Да врши обработка при спроведување на наградни игри, да врши фотографирање и снимање како и да врши емитување на видео снимки и да објавува фотографии од мојот лик и од местото на доделување на наградата на својата веб страна, телевизија, интернет и други електронски средства во текот на и по завршување на наградната игра, во согласност со применливите прописи. |
|
Изјавувам дека дадените информации се точни и целосни, како и дека сум запознаен со можноста за кривична постапка за измама доколку се покаже дека информациите се неточни и/или нецелосни. |
|
Запознаен сум дека: |
1. МКБ има право да подготви и достави извештај до М КЕШ, или трето лице за целите на наплата на долгот, со моја претходна писмена согласност. |
2. Имам право на увид во податоците кои се водат во МКБ, и право да ја оспорам точноста и целосноста на податоците содржани во извештајот од МКБ. |
3. МКБ не сноси одговорност за податоците содржани во извештајот или за било која неповолна активност преземена од М КЕШ врз основа на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел нанесување на штета. |
4. МКБ ги брише моите податоци по изминување на 5 години од исполнување на обврската или затворање на сметката. |
|
Со потпишување на оваа изјава потврдувам дека уредно ги имам потпишано и примено следните документи при склучување на договор: |
|
1. Барање за финансиско советување; |
2. Договор за потрошувачки кредит; |
3. Договор за советување; |
4. Амортизационен план; |
5. Преглед на парични текови за потребите на пресметката на СВТ; |
6. Формулар за преддоговорни информации (податоци); |
Општи услови
ОПШТИ УСЛОВИ
Член 1
Вовед
1. ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје со регистрирано седиште (и адреса за доставување) на ул. Пајак 9, 1000 Скопје, Република Македонија, со ЕМБС 6992960, регистриран во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица во Централниот регистар на Република Македонија е-маил: [email protected], тел: 00 389 2 51 15 000, во понатамошниот текст ДАВАТЕЛ НА КРЕДИТ во Прилог 1, составен дел на ДОГОВОРОТ ЗА КРЕДИТ.
Член 2
Дефиниции
1. За целите на овие Општи услови:
Закон за заштита на податоци– Законот за заштита на лични податоци (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 7/2005, изменет),
Граѓански законик– Закон за облигациони односи (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 18/2001, изменет),
Договор – ДОГОВОР ЗА КРЕДИТ – Договорот, со сите прилози кон истиот, а доколку е наложено со контекстот, овој поим значи документ на договор за потрошувачки кредит,
Кредитна контрола– процес на процена на кредитната способност на Корисникот на кредит, проверка и ревизија на можноста за враќање на Кредитот,
Камата – износ на каматата која треба да се плати на Давателот на кредит како надомест за користење на парите на Давателот на кредит,
Провизија – сите провизии кои ги наплаќа Давателот на кредит во врска со Кредитот според Договорот,
Кредит – ИЗНОСОТ НА КРЕДИТОТ (како што е дефинирано во Договорот) префрлен на Корисникот на кредит од страна на Давателот на кредит,
Општи услови– овие Општи услови,
Веб страна - веб страната на Давателот на кредит, www.mcash.mk,
Датум на отплата– денот на кој Корисникот на кредит е обврзан да го врати Кредитот заедно со сите провизии,
Македонски закон за потрошувачки кредити– Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити на Република Македонија (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 51/2011),
Кредитно биро– Македонското кредитно биро АД Скопје, Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 1, кат 5, Скопје, кое работи врз основа на Законот за Кредитно биро (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 81/2008, изменет),
Застапник – лице овластено од Давателот на кредит за склучување на договори за потрошувачки кредит во негово име и за негова сметка,
Апликација– Апликација за одобрување на Кредит кое Корисникот на кредит го доставува до Давателот на кредит, како што е наведено во член 2.(1).2) од Договорот,
Кредит за рефинансирање – има значење како што е дадено во член 9 точка 7 подолу.
Страни – има значење како што е дадено во Договорот.
Член 3
Услови за одобрување Кредит
1. Давателот на кредит одобрува Кредит на Корисник на кредит откако ќе ги исполни сите долунаведени услови:
а) откако Корисникот на кредит ќе ги исполни услови опишани во член 4 точка 1 дадени подолу,
б) откако Корисникот на кредит ќе достави Апликација до Давателот на кредит и истата ќе биде одобрена,
в) откако Корисникот на кредит ќе го прифати и потпише Договорот и неговите прилози,
г) откако на Давателот на кредит ќе му бидат обезбедени копии од документите наведени во член 6,
д) откако Давателот на кредит ќе ја утврди кредитната способност на Корисникот на кредит,
ѓ) откако Корисникот на кредит ќе добие позитивен кредитен резултат од кредитната контрола извршена од Давателот на кредит.
Член 4
Услови за поднесување на барање од страна на Корисникот на кредит
1. Корисникот на кредит е физичко лице над 18 години, со статус на потрошувач според член 2, точка 1 од Македонскиот закон за потрошувачки кредити, државјанин на Република Македонија, кој има постојано живеалиште на територијата на Република Македонија, има целосен законски капацитет за склучување на договор, прима редовен приход со договор за вработување, сопствена дејност, инвалидска пензија, старосна пензија или други приходи од други извори, со соодветен доказ и е способен да го врати Кредитот заедно со сите провизии на Давателот на кредит.
2. Документите и информациите наведени во член 3б), в) и г) потенцијалниот Корисник на кредит ги доставува на Давателот на кредит преку неговиот застапник.
3. Одобрувањето на Кредитот зависи од успешната потврда на Апликацијата и проценката на кредитниот ризик. Давателот на кредит, исто така, може да одбие да одобри Кредит на Корисникот на кредит врз основа на информациите содржани во неговата база на податоци. Во случај на одбивање на одобрување кредит заради негативната проценка на кредитниот ризик на Корисникот на кредит, Давателот на кредит ќе го извести Корисникот на кредит за резултатите од евалуацијата и ја наведува базата на податоци каде е извршена проверката.
Член 5
Известувања меѓу Страните
1. Сите известувања меѓу Страните во врска со Договорот се вршат:
а) преку застапник во текот на лична средба со Корисникот на кредит;
б) преку препорачана пошта;
в) преку телефон или порака;
г) преку е-маил;
2. Адресата на Давателот на кредит за сите дописи е ул.Орце Николов бр.68 кат 1, 1000 Скопје, Република Македонија
3. Давателот на кредит го задржува правото да ги сними и чува телефонските повици со Корисникот на кредит во врска со извршувањето на Договор и/или наплатата на износите кои Корисникот на кредит му ги должи на Давателот на кредит според Договорот.
4. Во согласност со член 10, став 2, точка 9 од Македонскиот закон за потрошувачки кредити, Корисникот на кредит има право, во текот на важноста на Договорот, на негово барање да добива амортизационен план за тековниот Кредит.
Член 6
Потребни документи
- Корисникот на кредит е обврзан да му обезбеди на Давателот на кредит копии од документите потребни за проверка на кредитната способност на Корисникот на кредит.
- Документите наведени во член 6, точка 1 се:
a) копија од Лична Карта – двете страни,
b) копија од последен извештај за годишен приход,
c) копија од банкарски извештај за последниот календарски месец, ако нема извештај, сметка од потрошена електрична енергија (фактура за ДДВ) издадена пред најмногу 3 месеци пред датумот на поднесување на Апликацијата за Кредитот која содржи адреса на Корисникот на кредит,
d) копија од договорот за вработување,
e) документ за примање на пензија,
Член 7
Отплата на Кредитот
1. Датумот на отплата е датумот на кој Корисникот на кредит ќе ги плати сите финансиски средства што ја сочинуваат месечната отплата на вкупниот ануитет според член 3.(1).1 од Договорот на застапникот и, по оваа отплата, застапникот, во име и за сметка на Давателот на кредит му дава на Корисникот на кредит доказ за плаќањето со што го потврдува плаќањето и салдото на долгот. Ако Корисникот на кредит врши отплати преку трето лице, Корисникот на кредит дозволува Давателот на кредит да му предаде податоците за Корисникот на кредит содржани во овој документ на лицето кое извршило плаќање во име на Корисникот на кредит, вклучено, особено, информации за можноста за враќање на обврските според Договорот и историјата на плаќање.
Член 8
Последици од неплаќање од страна на Корисникот на кредит (член 8 од Договорот)
- Доколку Корисникот на кредит не плати доспеан износ според овој Договор, Давателот на кредит ќе ги има правата, како што е предвидено во член 8 од Договор и во следните точки од овој член.
- Покрај сите други права на Давателот на кредит според Договорот и овие Општи услови, во случај на доцнење над 90 дена со плаќањето на некој доспеан износ, Давателот на кредит има право да покрене постапка пред надлежен суд за спроведување на своите побарувања во однос на Корисникот на кредит.
- Во случај на доцнење над 90 дена со плаќање на некој доспеан износ, Давателот на кредит има право да преземе дејствијаза наплата на своите побарувања.
- Според Законот за Кредитно биро (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 81/2008, со сите негови измени), Давателот на кредит има право да достави информациите за обврските на Корисникот на кредит до Кредитното биро, што може да влијае врз кредитната способност на Корисникот на кредит. Податоците за Корисникот на кредит се доставуваат до Кредитното биро врз основа на писмен договор склучен меѓу Давателот на кредит и Кредитното биро и врз основа на член 9, 10 и 14 од Законот за Кредитно биро.
- Покрај сите други права на Давателот на кредит според Договорот и овие Општи услови, Страните се договорија дека во случај на доцнење со плаќањето на Давателот на кредит на најмалку два ануитета, како што е наведено во амортизациониот план во член 3.(1).4 од Договорот, Давателот на кредит има право да го раскине Договорот во рок од 14 дена по доставување на известување доставено по препорачана пошта на адресата на Корисникот на кредит.
Член 9
Предвремено враќање на кредитот
- Корисникот на кредит има право, целосно или делумно, да го врати кредитот пред завршување на периодот на важност на Договорот во било кое време без известување.
- Во случај на предвремено враќање на кредитот, вкупните трошоци на кредитот се намалуваат за износот на оние трошоци кои се применливи во периодот на кредитот што е скратен. Освен тоа, каматната стапка (член 3.(1).6A од Договорот) може да се наплати само пропорционално на дотогаш изминатиот период. Освен тоа, провизијата за подготовка (член 3.(1).6В од Договорот), провизијата за обработка на Апликацијата (член 3.(1).6Г од Договорот) не се одземаат (100% ги плаќа Корисникот на кредит); провизијата за администрирање на кредитот не се одбива (100% ја плаќа Корисникот на кредит), но само во однос на веќе направените трошоци пред или по предвременото враќање.
- Во случај на предвремено враќање на дел од кредитот, точка 2 се применува мутатис мутандис; каматната стапка (член 3.(1).6A од Договорот) може да се наплати само пропорционално на дотогаш изминатото време и на предвремено вратениот износ.
- Доколку, по целосната отплата на кредитот и другите обврски на Корисникот на кредит доспеани за плаќање на Давателот на кредит, останат средства кои треба да му се вратат на Корисникот на кредит, Давателот на кредит ги враќа истите веднаш на Корисникот на кредит преку застапник.
- Во случај на предвремено враќање на дел од кредитот, Давателот на кредит ќе изврши повторна пресметка на каматата и ќе му достави на Корисникот на кредит ажуриран амортизационен план, при што дел од каматата што треба да се намали заради предвременото враќање извршено од страна на Корисникот на кредит целосно ќе биде одбиена од износот на следниот доспеан ануитет, во согласност со правилата предвидени во овој член. Ако износ на намалената камата е поголем од оригиналниот износ на ануитетот (како да не било извршено предвремено враќање на дел од кредитот) останатото одбивање ќе се изврши од следниот ануитет. Ако одбивањето поврзано со предвременото плаќање го надминува неподмирениот кредит плус сите такси, Давателот на кредит е обврзан веднаш да го врати износот што е вишок на Корисникот на кредит.
- Предвременото враќање, исто така, може да се изврши преку нов кредит даден од страна на Давателот на кредит на Корисникот на кредит („Кредит за рефинансирање“). Кредитот за рефинансирање може да се одобри само за цело (а не за делумно) враќање на постојните долгови на Корисникот на кредит кон Давателот на кредит од тековниот кредит; се применува член 9 точка 2. Кредитот за рефинансирање не може да биде предмет на последователно рефинансирање.
- Не се наплаќа провизија за делумно или целосно предвремено враќање на кредитот.
Член 10
Повлекување од Договорот
1. Корисникот на кредит има право да се повлече од Договорот во рок од 14 дена од датум на склучување со доставување до Давателот на кредит соодветна писмена изјава во образец даден во Прилог 2 од Договорот и со доставување на адресата на Давателот на кредит наведена во член 5, точка 2 од овие Општи услови.
2. Во случај на повлекување од Договорот, Корисникот на кредит е обврзан да го врати целиот износ на дадениот кредит без никакво одлагање (а најдоцна во рок од 30 дена од дадената изјава за повлекување), заедно со акумулираната камата до времето на враќањето; Корисникот на кредит нема да сноси дополнителни трошоци или провизии.
3. Во случај ако Корисникот на кредит не достави до Давателот на кредит писмената изјава, како што е наведено во точка 1 погоре, ако Корисникот на кредит го врати целиот износ на дадениот кредит заедно со акумулираната камата до периодот на враќањето во рок од 14 дена кои му се достапни на Корисникот на кредит да се повлече од Договорот, се смета дека Корисникот на кредит се повлекол од Договорот од датумот на враќањето.
4. Во случај на враќање во согласност со точка од 1 – 3 дадени погоре, Договорот истекува.
Член 11
Пренесување на лични податоци (член 4 од Договорот)
Корисникот на кредит дава своја согласност дека неговите/нејзините лични податоци може да бидат пренесени на агенција за наплата на побарувања, пропишана во член 8 точка 3 (во случај опишан во член 8 точка 3).
Член 12
Жалбена постапка
- Корисникот на кредит може да поднесе приговор со допис на адресата на ФД М Кеш Македонија наведена погоре.
2. На приговорите ќе биде одговорено во најкраток можен рок и Давателот на кредит ќе настојува (но не може да гарантира) да одговори во рок од 30 работни дена.
3. Доколку по добиениот одговор, Корисникот на кредит не е задоволен од истиот, тој/таа може да се жали на одлуката, во писмена форма, повторно до Давателот на кредит, наведувајќи ги своите аргументи и давајќи нови информации кои треба да се разгледаат.
Член 13
Пренесување
1. Правата и обврските на Корисникот на кредит според Договорот не може да се пренесат без претходна писмена согласност на Давателот на кредит.
2. Правата и обврските на Давателот на кредит според Договорот не може да се пренесат без претходна писмена согласност на Корисникот на кредит, освен во околностите предвидени во член 8 точка 3 погоре.
Член 14
Престанок на важност
1. Освен правото на раскинување, како што е предвидено во член 8 точка 5 од овие Општи услови, Давателот на кредит има право да го раскине Договорот без период на раскинување со препорачано писмо испратено на адреса на Корисникот на кредит, само доколку:
(а) Корисникот на кредит, за да го добие Кредитот, доставил лажни документи или изјави и/или
2. Корисникот на кредит има право да го раскине Договор без период на раскинување, со препорачано писмо испратено на адреса на Давателот на кредит, само ако Давателот на кредит (преку застапникот) не ја исполни својата обврска да прима ануитети според амортизациониот план од член 3.(1) 4 од Договорот.
3. Во случај на раскинување според член 8 точка 5 или член 14 точка 1 од овие Општи услови, Кредитот заедно со сите провизии и акумулираната камата до датумот на реалното враќање веднаш доспева за плаќање. Крајниот износ кој треба да го плати Корисникот на кредит како резултат на раскинување од страна на Давателот на кредит според член 8 точка 5 или член 14 точка 1 од овие Општи услови ќе биде наведен од страна на Давателот на кредит во известувањето за раскинување.
4. Во случај на раскинување според член 14 точка 2 од овие Општи услови, Корисникот на кредит ќе биде ослободен од сите провизии и во тој случај Давателот на кредит е обврзан, во рок од 10 дена под датумот на раскинување, да го врати на Корисникот на кредит износот на сите провизии што ги платил. Во случај ако не се можни исплати по раскинувањето преку застапникот, Корисникот на кредит ќе ги врши исплатите на банкарската сметка на Давателот на кредит: НЛБ Тутунска Банка АД, 210069929600235. Износите кои остануваат да се платат со датуми на плаќање (датумите ќе бидат исти како што се оригинално дадени во член 3.(1),4 од Договорот) од страна на Корисникот на кредит како резултат на негово раскинување на Договорот според член 14 точка 2 од овие Општи услови ќе бидат пропишани од страна на Давателот на кредит во известување за порамнување испратено до Корисникот на кредит со препорачано писмо во рок од 10 дена по датумот на раскинувањето.
Член 15
Завршни одредби
1. Доколку некоја одредба или дел од одредбите од овие Општи услови се неважечки или неисправни, останатите одредби остануваат во сила. Договорот или овие Општи услови може да се изменат и дополнат само со претходна взаемна писмена согласност на двете Страни.
2. Одредбите од македонските закони се применуваат на Договорот и неговите прилози, особено Законот за облигациони односи, Законот за потрошувачки кредити и други општо обврзувачки одредби од македонското законодавство.
3. Договорот и овие Општи услови се потпишани во два идентични примероци, еден за Корисникот на кредит и еден за Давателот на кредит.
Лиценца
Конфирмациско писмо
